Предавање за даноците во РСМ

Вчера во нашето училиште се одржа предавање на тема „Даноците во РСМ“. Предавањето беше наменето за учениците од завршните години, а го спроведе Билјана Стојановска од Регионалната дирекција на Управата за јавни проходи – Битола. Целта на овој настан е запознавање на матурантите со даночните обврски на физичките и правните лица во нашата држава што е во согласност и со наставната програма по предметот Бизнис.