Регионален натпревар на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта

Во петокот на 25-ти март се одржаа регионалните натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта. За нашиот регион домаќин беше ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид. На натпреварот учествуваа тројца ученици од нашето училиште натпреварувајќи се во три образовни профили од електротехничка струка:

  • Христијан Николовски – електротехничар за компјутерска техника и автоматика, II место, ментори: Илче Ацевски, Билјанка Христовска, Пеце Петров
  • Тео Илчевски – електротехничар енергетичар, II место, ментори: Ацо Илиевски, Силвана Котевска, Владо Тасевски
  • Дарко Талевски – техничар за индустриска мехатроника, II место, ментори: Илче Ацевски, Стево Котевски, Силвана Котевска

Со постигнатиот успех, тројцата наши претставници се пласираа за учество на државниот натпревар кој ќе се одржи на 6-ти мај во СОУ „Коле Неделковски“ – Велес.

Им честитаме на успехот и им посакуваме многу среќа на државниот натпревар.