Државен натпревар по информатика

Државниот натпревар по информатика се одржа во саботата на 19 март на три локации: во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци, „Семос едукација“ – Скопје и на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) – Скопје. На натпреварот учествуваа учениците кои претходно постигнаа успех на регионалните натпревари. Од нашето училиште претставник беше ученикот Христијан Николовски од трета година под менторство на професорката Марија Колевска. Во мошне силната конкуренција, Христијан постигна извонреден успех освојувајќи трета награда. Со тоа уште еднаш потврди дека СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ е расадник на таленти во областа на програмирањето и компјутерските науки.

Браво за Христијан, браво за менторот! Да ви се множат наградите и успесите!