Општински натпревар по Англиски јазик

Општинскиот натпревар по англиски јазик се одржа во саботата на 19 март. Натпреварот е во организација на Здружението на наставници по англиски јазик ЕЛТАМ и на него учествуваа двајца ученици од нашето училиште: Јован Илиевски и Стефан Бошевски. Двајцата ученици под менторство на професорката Кети Паскова постигнаа одличен успех, Јован освои второ, а Стефан трето место. Со овој успех тие се пласираа за учество на регионалниот натпревар кој ќе се одржи во месец април. Им посакуваме многу успех!