Регионален натпревар по математика

Во саботата на 12 март се одржа 45-от Регионален натпревар по математика за учениците од гимназиското и стручното средно образование. За нашиот регион во кој спаѓаат општините Битола, Ресен, Прилеп, Крушево, Македонски Брод и демир Хисар, натпревароте се одржа во СОУ „Цар Самоил“ – Ресен. Од нашето училиште се натпреваруваа тројца ученици кои претходно постигнаа успех на општинскиот натпревар:

  • Христијан Захарчев од прва година, ментор Наташа Петровска
  • Димитар Ристевски од втора година, менттор Лидија Стефановска
  • Христијан Николовски од трета година, ментор Цана Наумовска 

Ученикот Христијан Захарчев доби пофалница на регионалниот натпревар, со што се стекна со право да учествува на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 16 и 17 април 2022 година. На Христијан и неговиот ментор Наташа Петровска има посакуваме многу успех на државниот натпревар!