Регионален натпревар по информатика

Во саботата на 5-ти март по трет пат се одржаа регионалните натпревари по информатика од областа на програмирањето. За регионот во кој спаѓа нашето училиште, натпреварот беше организиран во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци. Натпреварите се во организација на Здружението на информатичари на Македонија, а и оваа година ќе бидат поддржани од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ од Скопје. На натпреварот наши претставници беа тројца ученици:

– Дарко Кочовски. II година, ментор Благица Богоевска,

– Христијан Николовски, III година,  ментор Марија Колевска, и

– Бобан Бошевски, IV година, ментор Благица Богоевска.

Ученикот Христијан Николовски освои трета награда на регионалниот напревар и со тоа се стекна со право да учествува на државниот натпревар кој ќе се одржи на 19-20.03.2022 година. Нему и на неговиот ментор им посакуваме многу успех!