Општински натпревар по математика

Овогодинешниот општински натпревар по математика се одржа на 19 февруари. На натпреварот активно зедоа учество и наши ученици под менторство на професорките по математика Наташа петровска, Лидија Стефановска, Цана Наумовска, Роза Петровска и Маја Карапетковска. Учениците кои го претставуваа училиштето се:

  • прва година:

Христијан Захарчев, ментор Наташа Петровска – III место

Никола Алексовски, ментор Маја Карапетковска – учество

Синиша Милков, ментор Маја Карапетковска – учество

  • втора година:

Димитар Ристевски, ментор Лидија Стефановска – пофалница

  • трета година:

Тамара Ѓелевска, ментор Цана Наумовска – учество

Христијан Николовски, ментор Цана Наумовска – III место

  • четврта година:

Стефанија Лазарева, ментор Роза Петровска – учество

Учениците Христијан Захарчев, Димитар Ристевски и Христијан Николовски се пласираа за учество на Регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 12 март во СОУ „Цар Самоил“ во Ресен. Им посакуваме многу успех!!!