Посета на претставници од Амбасадата на Сојузна Република Германија

Вчера во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ гости беа претставници од амбасадата на Сојузна Република Германија. Во 2018 година, амбасадата донираше во нашето училиште грант во вредност од 5432 евра со што беа опремени кабинетите по физика и практична настава од областа електроенергетика. Со овој проект се подобрија условите за работа во овие кабинети и порасна мотивацијата и кај учениците и кај наставниците во реализирањето на наставата. Заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф ги обиколи кабинетите и направи увид во користењето на донираната опрема. Задоволството од посетата беше обострано, разменивме мислења за актуелните состојби во дуалното стручно образование, соработката со компаниите во доменот на практичната настава и слично. Германската амбасада преку својата програма за мали проекти ќе продолжи и понатаму да го поддржува стручното образование за што им изразуваме посебна јавна благодарност.