Реновирана салата за состаноци на Училиштето

Салата за состаноци во нашето училиште има целосно нов изглед. Во изминатиот период овој простор беше вистинско мало градилиште: направен е спуштен плафон од гипс картон, монтирано ново ЛЕД осветлувањее, нов под од ламинат, нов мебел… Но тоа не е се…Салата сега располага со сериозна мултимедијална опрема: видео бим, инсталирано озвучување и покриеност со безжичен интернет. На тој начин оваа просторија е претворена во коференциска сала со капацитет од 60-70 луѓе, која покрај за одржување на училишните состаноци ќе може да се изнајмува за семинари, обуки, презентации, прес-конференции и слично. 

Нека ни е со среќа и со здравје да си ја користиме!