Нова компјутерска опрема во Училиштето

Училиштето продолжува со опремување и реновирање. Денес се ставени во употреба нови компјутери во четири училишни кабинети. Компјутерите се од последната генерација и со тоа на учениците и професорите им се значително подобрени условите за работа. Во наредните денови ќе се инсталираат 4 ЛЕД ТВ приемници и уште толку видео проектори и речиси во секоја училница/кабинет ќе има аудиовизуелно средство за презентација на наставните содржини. 

Нека е аирлија!