Посета на владина делегација во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“

Во врска со настанатите штети од земјотресот во Битола, вчера нашето училиште го посетија претставници на Владата и тоа заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот на владината Комисија за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди, Гоце Георгиевски. Тие ги разгледаа училишните простории и на лице место ја констатираа настанатата штета. Од своја страна, претставниците на Владата изразија подготвеност за што поскорешно санирање на штетите во училиштето, но и во останатите институции во градот кои претрпеа оштетувања.
Училниците и кабинетите за време на летниот распуст беа целосно санирани и бојадисани, но против елементарните непогоди не се може…Како и да е, штетите ќе бидат брзо санирани и образовниот процес ќе продолжи нормално да се одвива во второто полугодие.