Предновогодишен концерт

Вчера во нашето училиште се одржа несекојдневен интересен настан. Имено, на иницијатива и во организација на професорот Кире Тасевски, групата Мориган од Битола во која учествува нашиот ученик Мартин Гроздановски, одржа предновогодишен концерт за учениците, но беа присутни и дел од професорите. Беше тоа одлична новогодишна честитка за нашите ученици, дружба без оглед на возраста, сите уживавме во музичката изведба, но и во прехрамбените производи со кои фирмите Вемилк и Лозар Пелистерка го потпомогнаа настанот. Дополнително, фирмата Телинкс од Битола обезбеди финансиски средства за целосна реализација на концертот. Интересно, несекојдневно, невообичаено…Малку да заборавиме на непријатните случувања од секојдневието, но и да дадеме друга димензија на соработката со учениците и компаниите. Благодарност до професорот Тасевски, благодарност на Мориган и сите што учествуваа на настанот. Нека ги има повеќе во иднина!