Нашите ученици – шампиони во работнички права!

Во рамките на кампањата за работнички права која ја реализира Економско-социјалниот совет со поддршка на проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, изминатиот период се организираше натпревар за учениците од средните училишта. Натпреварот се реализираше преку мобилната апликација Твои права работа, како дел од кампањата Мој труд, мои права” и на него наши ученици постигнаа извонреден успех. Имено, тие заслужено го освоија првото место и станаа шампиони во работнички права .

 Како награда за учеството и покажаните најдобри резултати на ниво на училиште, училиштето ќе добие комплетна кино опрема која се состои од:

  • Проектор и платно за проектор
  • 2 звучници
  • Сет сталки за звучниците
  • Миксета

 Дел од учениците кои учествуваа во натпреварот се меѓу најдобрите 10 со што добија и индивидуални награди како резултат на покажаните одлични резултати на натпреварот:

Марин Русков и Теодор Митревски освоија награда JBL звучник, а Ева Ацевска и Дарко Талевски освоија JBL слушалки.

Браво за сите кои учествуваа на натпреварот…Успехот е заеднички на сите кои дадовте свој придонес, ви честитаме и се гордееме со вас!

Проектот Твои права работа како дел од кампањата Мој труд, мои права” е имплементиран од страна на Меѓународната организација на трудот (ILO – International Labour Organisation) и финансиран од страна на Европската Унија.