Реализирана хуманитарната акција

Како што претходно беше најавено, на 20 и 21 декември во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола се одржа хуманитарна акција за собирање на производи наменети за социјално загрозени семејства. Акцијата ја организираше Ученичката заедница на нашето училиште во координација со Општинската организација на Црвениот крст. Целата активност е во склоп на кампањата за ученички иницијативи „Заедно против гладот и сиромаштијата“ и отворениот ден за граѓанско образование.

Својата хуманост ја покажаа многу ученици и вработени во училиштето, за што искрено им се заблагодаруваме за донациите!