Проект за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола и РЦССО „Моша Пијаде“ – Тетово ја продолжуваат својата соработка. Имено, изминатата недела во два наврати беа реализирани активности кои го промовираат мултикултурализмот и меѓуетничката толеранција и интеграција. На 17.12.2021 група ученици и професори од нашето училиште беа гости во Тетово, а на 14.12.2021 следуваше возвратна посета во нашиот град. За време на престојот во училиштата, учениците ги разгледаа просторните услови, реализираа работилници за изработка на еко пароли, се дружеа, комуницираа, а заедно посетивме и културно-историски знаменитости во двата града. Во Тетово тоа беа комплексот Арабати баба теќе и Лешочкиот манастир, а нашите гости ги одведовме во Музејот на албанската азбука и реновираниот Офицерски дом. Атмосферата срдечна, дружбата на учениците и колегите одлична…Стекнати нови пријателства кои ќе траат…
Благодарност до сите што учествуваа во проектот, нашата соработка со РЦССО „Моша Пијаде“ ќе продолжи и во други сфери…