Реконструкција на спортските терени

Започнува реализацијата на ште една капитална инвестиција…

Вчера во нашето училиште започна реконструкцијата на отворените спортски игралишта. Со инвестицијата вредна околу 105.000 евра ќе се направат две целосно нови игралишта за ракомет (мал фудбал) и кошарка, и двете со мека подлога (тартан). Спортските терени ќе добијат нов лик, со нови стативи и кошеви, заградени со висока метална ограда за непречено одвивање на наставата по спорт и спортски активности. Дополнително, терените ќе бидат целосно осветлени со рефлектори и ќе може да се користат од нашите ученици и граѓанството и во вечерните часови. Изведувач е фирмата МЗТ Инженеринг, изведбата на металната конструкција треба да заврши до крајот на годината, а поставувањето на тартан подлогата напролет кога температурите ќе бидат повисоки.

Нека ни е со среќа!