Меморандум за соработка со Синпекс – Битола

СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола потпиша меморандум за соработка со компанијата Синпекс од Битола. 

СИНПЕКС е компанија во приватна сопственост, која егзистира од 1990 година со основна дејност застапување, продажба и сервисирање на гама на производи (механизација, машина и опрема) наменети за земјоделството, шумарството, градежништвото како и за општа употреба. Дејноста на СИНПЕКС претставува семејна традиција долга повеќе од 40 години и на илјадници корисници им претставува знак за распознавање за опрема од овој вид. 

Соработката со нашето училиште ќе биде на релација одвивање на практична настава во самата компанија за ученици од трета и четврта година од машинска струка, а во летниот период реализирање на феријална пракса. Тековно ќе се воспоставуваат и други облици на соработка од интерес на двете страни.

Нека е аирлија!