Крводарителска акција

Во среда на 27.10 во нашето училиште ќе се одржи акција за дарување на крв. Акцијата е во соработка со Општинската организација на Црвениот крст – Битола и на неа можат да учествуваат сите ученици со навршени 18 години, како и сите вработени во училиштето. Истата ќе се одвива во салата за состаноци во периодот од 9.30 до 13 часот.

Ги покануваме сите полнолетни ученици и вработените во училиштето да ја покажат својата хуманост дарувајќи ја најдрагоцената течност!