Дуалните Паралелки – можност за стручно образование и побрзо вработување

Денес во нашето училиште гости беа министерката за образование и наука, Мила Царовска и градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска. Тие посетија неколку училишни кабинети во кои се изведува настава по стручни предмети од електротехничка и машинска струка, а потоа заедно со директорот владимир Роме дадоа изјави за медиумите.

Во текот на посетата, гостите посебно се интересираа за паралелките кои реализираат дуално образование со зголемен број на часови по практична настава. Годинава, во нашето училиште се оформени две такви паралелки во прва година со вкупно 33 ученици и една паралелка со тригодишно образование со 7 ученици. Сите ученици кои реализираат настава по дуално четиригодишно образование и оние од тригодишното образование имаат можност да се стекнат со стипендија од 3500 денари месечно која ја доделува Министерството за образование и наука. Тоа е уште еден дополнителен мотив за идните средношколци да го одберат средното стручно образование.

Градоначалничката Петровска и министерката Царовска констатираа дека стручното образование повторно e привлечно, затоа што школува кадри што ги бара реалниот сектор, но и нуди поголеми можности за вработување на младите. Преку дуалното стручно образование и изведувањето на практична настава во реални компании, средношколците ќе бидат поспремни да одговорат на барањата на пазарот на труд.

Средбата помина во срдечна атмосфера и беше задоволство да се разменат мислења за актуелностите во средното стручно образование.