Бесплатно едногодишно членство во Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

Денес во нашето училиште беа гости претставници од Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“. Целта на посетата беше доделување на ваучери за едногодишно бесплатно членство во библиотеката. Сите ученици од прва година добија ваучер со кој во оваа учебна година ќе можат бесплатно да подигнуваат книги од Универзитетската библиотека.

Денешната средба значи почеток на кампањата „СИТЕ ВО БИБЛИОТЕКА“ која ја реализира НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и за основците и за студентите.
Кампањата има цел подигнување на свеста на важноста за читање, учество на библиотеката во процесот на формално и неформално образование, читање од раната возраст и сите фази во човековиот живот, вклучувајќи го и слободното време поминато на креативен и образовен начин.

Работно време на библиотеката од понеделник до петок од 7 до 19.30 часот.