Техничар за индустриска мехатроника – трета генерација

Вчера во нашето училиште беше промовирана овогодинешната паралелка од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника. Тоа е трета генерација на ученици кои реализираат настава во склоп на дуалното стручно образование во соработка со компанијата Кромберг и Шуберт и Делегацијата на Германското стопанство во нашата земја. На првиот средношколски час присуствуваа и претставници од компанијата кои заедно со директорот Владимир Роме срдечно ги поздравија учениците и им посакаа успех во нивното образование. Учениците ги добија првичните информации за начинот на одвивање на наставата во училиштето и практичната настава во рамки на партнер компанијата. Секој ученик од страна на компанијата доби пригоден подарок за успешен почеток на новата учебна година. 

Дечки, многу успех на сите вас!