Доделени наградите „Киро Галевски“ за учебната 2020/2021 година

Како и изминатите години, и оваа година беа доделени наградите „Киро Галевски“. Оваа награда ја добиваат најуспешните математичари од нашето училиште кои во тековната учебна година покажале одличен успех на општинските, регионалните и државните натпревари по математика. Покровител на наградите „Киро Галевски“ е фирмата ГАЛЕ ТЕКНИ во сопственост на г-н Сашо Галевски. Вчера, од негова страна беше организирана пригодна средба со учениците и нивните ментори на која на најуспешните им беа доделени наградите. 

Добитници на овогодинешната награда „Киро Галевски“ се:

  • Лука Марковски I год., освоено прво место на регионалниот натпревар, ментор Лидија Стефановска
  • Димитар Ристевски I год., освоено трето место на регионалниот натпревар, ментор Лидија Стефановска
  • Христијан Талевски II год, освоена пофалница на регионалниот натпревар, ментор Цана Наумовска
  • Елена Атанасовска III год. освоена пофалница на регионалниот натпревар, ментор Роза Петровска

На сите ученици и нивните ментори им честитаме на успехот, а на г-нот Сашо Галевски му се заблагодаруваме за поддршката и мотивацијата што секоја година им ја дава на младите математичари.