Започна реализацијата на проектот „Зголемување на ефикасноста на 3Д печатењето

Во нашето училиште започна едниот од двата проекти добиени на натпреварот “Предизвик за млади истражувачи 3” во организација на Фондот за иновации и технолошки развој. Со наградата од 200000 денари, се набави неопходната опрема за проектот “Зголемување на ефикасноста на 3Д печатењето”, каде е предвидено да се конструираат два 3Д печатари. Во проектот се вклучени ученици од I, II, III и IV година. Заедно со менторот Илче Ацевски, ти се најзаслужните за добивањето на овој грант. Честитки за Бобан Бошевски, Ева Ацевска, Михаил Јанакиевски, Боби Софронијоски, Тамара Делева и другите вклучени ученици. Браво дечки, браво менторе…Ви посакуваме успешна реализација на проектот!