Распоред по простории за полагање на Македонски јазик и литература за државна матура во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“

Во продолжение се дадени списоците со распоред по простории за полагање на Македонски јазик и литература за државна матура на 5 јуни. На влезната врата од училиштето ќе биде истакнат распоред кој број на просторија од списокот на која училница соодветствува. Исто така, ќе бидат истакнати патокази за влез и излез. Сите ученици влегуваат на главниот влез од училиштето, а за излез ќе бидат дадени следните насоки: учениците кои ќе полагаат во училниците број 18, 19, 23, 25 и 27 ќе излегуваат од главниот влез, а учениците кои ќе полагаат во училниците број 4, 5, 33 и 34 ќе излегуваат од службениот влез на училиштето.

На сите матуранти им посакуваме многу успех!