Уште едно освоено прво место…

57-от Државен натпревар на млади истражувачи од Македонија – НАУКА НА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ се одржа онлајн во периодот од 12-ти до 17-ти мај. Натпреварот е во организација на Сојузот на здруженија на млади истражувачи – НАУКА НА МЛАДИ и Народна техника на Македонија.

Како и секоја година, и оваа година нашето училиште достојно се претстави на натпреварот и ја потврди нашата заложба за градење на квалитетен ученички кадар. Имено, наш претставник на натпреварот беше ученикот Марио Костадиноски под менторство на професорот Илче Ацевски. Со својот труд на тема „Робот во градежништво“, Марио постигна извонреден успех освојувајќи го првото место во категоријата електротехника и електроника.

Браво за успехот…браво Марио, браво менторе…Да продолжиме по овој пат пронаојѓајќи го најдоброто кај нашите ученици. 

Деветтоодделенци, повелете во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“. Овој успех е само уште еден доказ дека нашето училиште е одлична средина за продолжување на вашето образование, средина во која се посветува внимание на секого, а успехот неминовно доаѓа…