Респект за одличниот успех!

Државниот натпревар по англиски јазик се одржа во саботата на 8 мај. На натпреварот од нашето училиште учествуваа двајца натпреварувачи од трета година, Наталија Насева и Данаил Котевски. Ментор на учениците беше професорката Жаклина Ѓерасимовска.

Нашите ученици постигнаа извонреден успех и достојно го промовираа училиштето. Ученичката Наталија Насева во конкуренција на 81 натпреварувач од сите средни училишта во државата, го освои првото место со освоени 93 поени. Одлично се пласира и Данаил Котевски со 80 освоени поени.

Честитки за учениците, честитки за менторот…

Респект за одличниот успех…БРАВО!