Конкурс за упис во прва година во учебната 2021/2022 година

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за запишување на ученици во прва година во средните училишта за учебната 2021/2022 година.

Според конкурсот, пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.

Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 14 јуни 2021 година во период од 12:00 часот до 19:00 часот, на 15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 17 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 23 и 24 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 25 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од
страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 23 август 2021 година за што доставуваат доказна документација.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 48 часа.

Конкурс за упис во учебната 2021/2022 година