Резултати од Општинскиот натпревар по англиски јазик

Општинскиот натпревар по англиски јазик за учениците од средните училишта се одржа на 20.03.2021 година. Натпреварот е во организација на ЕЛТАМ (English Language Teachers’ Association of the Republic of North Macedonia). Нашето училиште на натпреварот достоинствено го претставуваа двајца ученици од III година и постигнаа извонреден успех:

Наталија Насева – II место,

Данаил Котевски – II место.

Ментор на учениците: Жаклина Ѓерасимовска.

Браво за учениците, браво за менторот.

Нашите натпреварувачи се пласираа за учество на Регионалниот натпревар кој ќе се одржи кон крајот на месец април. Им посакуваме уште поголем успех!