Резултати од Регионалниот натпревар по математика

Овогодинешниот Регионален натпревар по математика се одржа на 13.03.2021 година. На него учествуваа наградените и пофалените ученици од општинскиот натпревар. Нашите натпреварувачи повторно постигнаа забележителен успех и достојно го презентираа училиштето. Еве ги резултатите:

  • Прва година:

Лука Марковски – I место, Димитар Ристевски – III место, ментор Лидија Стефановска

  • Втора година:

Христијан Талевски – пофалница, ментор Цана Наумовска

  • Трета година:

Елена Атанасовска – пофалница, ментор Роза Петровска

Покрај овие ученици, на Регионалниот натпревар учествуваа и Тамара Ѓелева од II година и Стефанија Лазарева од III година.

Учениците Лука Марковски, Димитар Ристевски и Елена Атанасовска се пласираа за Државниот натпревар кој ќе се одржи на 10.04.2021 година.

Браво за нашите математичари и нивните ментори и многу успех на Државниот натпревар!