Донација на палки за флорбол од „Сфера“

Денес во нашето училиште гостин беше Милчо Дули, претседател на Здружението на граѓани „Сфера“ од Битола. Целта на неговата посета беше донација на палки за флорбол, игра којa претставува вид на хокеј на тврда подлога и е реткост во нашата околина. Интересна и атрактивна донација која ќе најде примена на часовите по спорт и спортски активности и ќе ги продлабочи вештините на учениците.

Со „Сфера“ нашето училиште има континуирана соработка, здружение кое несебично помага на младите од Битола и регионот. Таквата соработка ќе продолжи и понатаму, а веќе се најавува и заедничко хортикултурно уредување и оплеменување на дел од училишниот двор.

Милчо, благодариме за донацијата, одиме понатаму…