Резултати од Oпштинскиот натпревар по математика

На Општинскиот натпревар по математика кој се одржа на 20.02.2021 година, натпреварувачите од нашето училиште постигнаа одлични резултати.

Кај учениците од прва година успех постигнаа следните ученици:

Лука Марковски – III место, Димитар Ристевски – III место, ментор Лидија Стефановска

Во натпреварот за втора година, успехот на нашите натпреварувачи е следниот:

Христијан Талевски – III место, Тамара Ѓелевска – пофалница, ментор Цана Наумовска

Кај учениците од трета година, нашите ученици го постигнаа следниот успех:

Елена Атанасовска – I место, Стефанија Лазарева – пофалница, ментор Роза Петровска

Сите наградени ученици се пласираа за Регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 13.03.2021 година.

Им честитаме на нашите математичари и нивните ментори и им пожелуваме уште поголем успех на претстојните натпревари!