Започнува реализацијата на проектите добиени од ФИТР

Од почетокот на месец февруари започнува реализацијата на проектите добиени од Фондот за иновации и технолошки развој. Имено, минатата година два проекти од нашето училиште добија грантови за реализација на проектни идеи. Договорите за проектите се потпишани и работата може да почне…

Првиот проект е под менторство на професорот Илче Ацевски со што група на ученици ќе работат на зголемување на ефикасноста на 3Д печатењето. Целта на проектот е развој на технологијата на 3Д печатењето која зема се поголем замав, но и конструирање на машина за рециклирање на отпадната пластика при печатењето.

Вториот проект е под менторство на професорот Јани Сервини. Со овој проект ќе се истражува функционирањето на два типа Arduino микроконтролерски развојни платформи: брендирани и клонирани. Резултат на проектот ќе бидат повеќе практични вежби кои ќе се имплементираат во стручно-теоретските наставни предмети.

Со ваквите проекти нашите ученици ги продлабочуваат своите знаења и се доближуваат до современите технолошки трендови. 

Нека е со среќа реализацијата на проектите!