Доделени наградите „Киро Галевски“ за учебната 2019/2020 година

Оваа година, по трет пат беа доделени наградите „Киро Галевски“ за најуспешните математичари во учебната 2019/2020 година. Наградите се доделуваат од компанијата ДОО Гале Текни – Битола и тоа за ученици од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ кои постигнале значајни резултати на општинските, регионалните и државните натпревари по математика. За таа цел, во посета на нашето училиште беше сопственикот на компанијата г-н Сашо Галевски кој за нашите најдобри математичари покрај паричните, обезбеди и други пригодни награди со обележја на неговата компанија. Наградени ученици за учебната 2019/2020 година се:

  • Тамара Ѓелевска од II4 клас, освоено III место на Регионален натпревар, ментор Цана Наумовска
  • Христијан Талевски од II6 клас, освоена пофалница на Регионален натпревар, ментор Цана Наумовска
  • Елена Атанасовска од III4 клас, освоена пофалница на Регионален натпревар, ментор Роза Петровска

Им честитаме на наградените ученици и нивните ментори. Им посакуваме уште многу вакви и поголеми успеси…

Огромна благодарност до г-нот Сашо Галевски кој секоја година дава свој придонес и ги мотивира нашите ученици да ја изучуваат математиката. Нашата соработка ќе продолжи и понатаму.

Една од наградите:

Кој е Киро Галевски…