Донација на таблет…

Денес во нашето училиште гости беа претставнички на INNER WHEEL CLUB – Битола. Целта на нивната посета беше донација на таблет со што на еден наш ученик ќе му се овозможи непречено следење на онлајн наставата. INNER WHEEL CLUB изминатите години во рамките на своите можности помогна во многу ситуации каде била потребна помош. Помогнале на многу поединци, установи и институции…Ќе помагаат и во иднина!

Од наша страна, како Училиште јавно изразуваме огромна благодарност за хуманитарниот гест да се помогне на оној на кој помошта му е најпотребна.

INNER WHEEL CLUB – Битола ВИ БЛАГОДАРИМЕ!!!