Признание за Техничкото училиште…

Денес, во Центарот за култура во Битола се одржа овогодинешната манифестација „Најуспешни битолчани за 2019 година“. Манифестацијата која е во организација на „Битолски весник“ заради пандемијата од Ковид-19 неколку пати беше одложувана, но сепак го дочека своето одржување.

Почитувајќи ги сите протоколи за упсешно реализирање на настанот, на најуспешните битолчани во околу триесеттина категории им беа доделени признанија за нивното успешно работење во изминатата година. Посебна чест и задоволство ни е да објавиме дека во категоријата средно образование, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ е најуспешното средно училиште за 2019 година. Наградата доаѓа како сатисфакција и вреднување за сработеното во минатата година, но и мотив за постигнување на уште поголеми успеси во иднина. 

Благодарност до сите вработени, ученици, родители, надворешни соработници и многу други…Благодарност до сите вас кои придонесовте нашето училиште да го понесе пиететот најуспешно во 2019 година. Пред нас има многу предизвици, планови и обврски кои заедно како колектив ќе ги реализираме.

Нека ни е честита наградата и нека ни се множат успесите!