Промовирана паралелката од дуалното стручно образование

Минатата недела во нашето училиште беше промовирана паралелката I-9 чии ученици оваа учебна година го започнуваат патот наречен дуално стручно образование. На средбата беа присутни учениците од овој клас, гости од компанијата Кромберг и Шуберт, претставници од Делегацијата на Германското стопанство во Република Северна Македонија, раководниот кадар на училиштето, класниот раководител и менторот за учење преку работа кај работодавач.

Свои обраќања имаа директорот на училиштето г-н Владимир Роме, директорот на Делегацијата г-нот Патрик Мартенс, како и г-нот Стевче Ристевски од партнер компанијата. Тие ги поздравија учениците, им честитаа на изборот да се образуваат во образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника и им укажаа на значењето на дуалното стручно образование. Секој ученик како подарок од Делегацијата доби ранец со ученички прибор како почетен мотив за успешно образование. На крај средбата заврши со заедничка фотографија на сите уечсници.

Дечки, со среќа да ви е, ви пожелуваме многу успех!