Соопштение за учениците од I година

Им се соопштува на сите ученици од прва година во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ во учебната 2020/2021 година дека во четврток и петок (24 и 25.09) училиштето ќе организира средби на класните раководители со учениците од прва година. Средбите ќе бидат во училишниот двор каде ќе се постават столчиња на соодветно растојание и ќе се почитуваат сите мерки и протоколи. Целта е запознавање со учениците, давање насоки за начинот на одвивање на наставата на далечина, подигање на учебници и споделување на сите потребни информации за успешен почеток на учебната година.

Распоредот за одржување на средбите е следниот:
I-1 четврток во 8 часот
I-2 четврток во 9 часот
I-3 четврток во 10 часот
I-4 четврток во 11 часот
 
I-5 петок во 8 часот
I-6 петок во 9 часот
I-7 петок во 10 часот
I-8 петок во 11 часот
I-9 петок во 11.30 часот