Летна школа за млади мотоциклисти

Со цел унапредување на сообраќајната едукација кај младите мотоциклисти и нивно поттикнување за полагање за возачка дозвола од АМ категорија, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата организира превентивно едукативна акција насловена како „Летна школа за млади мотоциклисти“.
Акцијата се состои од два дела:
·         Теоретска настава (online)
·         Полагање на тест за познавање на сообраќајните правила и прописи.
Лицата кои ќе го поминат првиот дел (теоретска настава), продолжуваат на електронско тестирање за познавање на сообраќајните правила и прописи. Најдобрите 5 кандидати од тестирањето ќе добијат ваучер за полагање за АМ категорија, а најдобрите 15 ( вклучително и првите 5 кои добиле ваучер за полагање) ќе добијат ваучер за бесплатна обука во автошкола за АМ категорија.
Право на учество имаат сите заинтересирани лица на возраст од 16 до 18 години  кои не поседуваат возачка дозвола од АМ категорија.    ­­­­­
Рокот за поднесување на апликацијата е до 05.08.2020 година. Пријавата се поднесува на следната е-маил адреса: edukacija@rsbsp.org.mk и истата може да ја најдете на веб страната на РСБСП www.rsbsp.org.mk.
Учесниците кои ќе се пријават за учество во наведената акција ќе добијат и соодветни  материјали за учење. Пријавените кандидати ќе добијат дополнителни информации за начинот и времето за следење на online наставата и тестирањето.
Ваучерите се со времетраење од една година односно ваучерите треба да се искористат до 31 август  2021 година.
Сите прашања поврзани со едукативно превентивната акција „Летна школа за млади мотоциклисти“ заинтересираните лица може да ги достават  на следнава e-mail адреса: edukacija@rsbsp.org.mk