Доделени дипломи на најуспешните матуранти

Вчера во нашето училиште беа доделени дипломи и пригодни награди за најуспешните матуранти. Тоа се ученици кои изминатите четири години постигнаа континуиран одличен успех, примерно поведение, извонредни успеси на повеќе натпревари и на различен начин го афирмираа Училиштето.

На најдобрите во генерацијата 2019/2020, директорот Владимир Роме им честита на постигнатиот успех и им се заблагодари за нивниот придонес во растењето на рејтингот на Училиштето. Воедно, им посака и многу успех во понатамошното школување.

Еве ги најуспешните во оваа генерација:

Ангел Насев – Првенец на генерацијата 2019/2020, електротехничка струка

Петар Илиевски – Првенец на генерацијата 2019/2020, машинска струка

За континуиран одличен успех, примерно поведение и особен придонес во афирмацијата на Училиштето во пошироката средина дипломи добија:

Евгенија Дивитарова, Филип Џајков и Христијан Ташковски.

За континуиран одличен успех по сите предмети и примерно поведение – Христијан Рахманов.

За особен придонес во афирмацијата на Училиштето во пошироката средина – Димитар Велјановски.

На сите нив им пожелуваме многу успех во студирањето, срдечно се заблагодаруваме за се она што направија Училиштето да биде тоа што е…

Дечки, вратите на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ секогаш ви се отворени!