Бесплатна обука за матурантите…

Почитувани матуранти,
 
Вие во овој период се соочувате со важен предизвик од кој ќе зависи Вашата иднина. Од изборот на факултет на кој ќе студирате зависи остварувањето на  Вашите очекувања и Вашите соништа. Вашата перспектива ја креирате сега и токму затоа Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје  Ви нуди  поддршка за да го направите вистинскиот избор како идни академски  граѓани со реализирање на онлајн обука на тема: Градење на вештини и компетенции за интегрирање во академската и бизнис средина.
 
Учесниците на обуката ќе добијат:
– Напатствија за приклучување на „онлајн”-тренингот;
–  Е-сертификат и
–  Работни материјали во електронска верзија.
 
Обуката ќе се реализира на 20.07. 2020 година од 11:00 до 14:00 часот на онлајн платформата ZOOM.
 
Модератoри на обуката:
проф. д-р Александра Стоилковска и асс. м-р Гордана Серафимовиќ
 
Сите заинтересирани матуранти може да се пријават на: www.utms.edu.mk
 
Рок на пријавување: до 18.07.2020 година
 
За подетални информации можете да ја контактирате асс. м-р Маријана Радевска која е раководител на  дисперзираната канцеларија во Ресен, на нејзиниот facebook профил, на телефонскиот број 071 379 789 или на маил m.radevska@utms.edu.mk.
 
Универзитетот за туризам и менаџмент Ви посакува успешна академска кариера.
 
Ве очекуваме,
Срдечни поздрави!