Извонреден успех…

Во петокот беа прогласени наградените проекти на овогодинешниот „Предизвик за млади истражувачи 3“. Натпреварот е во организација на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и на него можат да учествуваат ученици и ментори со свои иновативни проекти.

Од нашето училиште учествуваа два тима со две проектни идеи во кои се вклучени повеќе ученици. И двата проекти постигнаа извонреден успех и се наградени.

Едниот награден проект е на менторот Илче Ацевски, „Зголемување на ефикасноста на 3Д печатењето“ и претставува надоврзување на проектот кој ФИТР го награди пред две години. Дополнително, проектот доби трето место во категоријата средни училишта. Ученикот Боби Софронијоски ја бранеше и успешно ја одбрани проектната идеја. Со тоа, 3Д печатењето веќе станува училишно секојдневие…

Вториот проект е на менторот Јани Сервини, „Едукација за иднината“ и е базиран на современите технологии базирани на Ардуино платформата. Тука се вклучени Бобан, Диме, Филип, Ангел…и како што вели Јани „и други топ-ганој“ асоцирајќи на врвни ученици од нашето училиште. Тие ќе бидат вклучени во креирање современи практични вежби со различни ардуина…и то…

Благодарение на двата проекти, училиштето добива современа опрема и е во тек со новите технолошки трендови. Со ова уште еднаш се потврдува квалитетот и рејтингот на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ како училиште во кое се почитуваат вредностите.

Големо БРАВО за двата ментори и нивните тимови. Да добиеш две награди со два различни проекти на ист натпревар е за почитување, за респект.

Е па драги мои, РЕСПЕКТ за вас, капа долу, секоја чест…