Победници на Code Cup 2020

Овогодинешниот натпревар CodeCup 2020 се одржа на 30.05.2020 година. Натпреварот е во организација на ФИКТ и оваа година тој се реализира со презентации на далечина (on-line) преку ZOOM платформата.

На натпреварот учествуваа ученици и ментори од нашето училиште и постигнаа врвен успех. Имено, победници на CodeCup 2020 се нашите матуранти Димитар Велјановски и Филип Џајков под менторство на професорот Јани Сервини.

Третото место му припадна на Христијан Ташковски под менторство на професорката Благица Богоевска.

Првонаградениот проект “Унапреден Училишен Систем“ е мулти платформска софтверска апликација која комбинира три различни развојни концепти: Web Development (JavaScript, React, Redux), Android Development (Java, Android Studio) и REST service (Python, Flask, MySQL). Базата на податоци е направена со помош на PHPMyAdmin со примена на  MySQL серверо за хостирање на базата.

Проектот “Унапреден Училишен Систем“ овозможува секое училиште или факултет да формира сопствен локален менаџмент систем во чијшто состав ќе влегуваат нивните паралелки (класови), учениците во секоја од нив, како и сите професори кои се таму вработени со предметите кои ги предаваат. Наставниците можат да ги водат отсуствата на учениците, како и да ги оценуваат нивните постигања. Имено, професорите можат да им задаваат домашни задачи на своите ученици, и по нивното прегледување да ставаат соодветни оцени. 

Веб апликацијата е изработена во JavaScript користејќи ги React и Redux. 

Проектот со кој Христијан го освои третото место претставува квиз-апликација за Android во стилот на телевизиското гејм шоу „Сè или нешто“, малку модифицирана и со помал број на кутии. Користени се звучни ефекти превземени од Youtube, обработени во  софтверот за звучна обработка Audacity кои се синхронизирани со движењата на објектите во композицијата. Проектот е изработен во развојната околина за Android апликации – Android Studio. Користен е и софтверот Adobe After Effects за изработка на анимациите, како и графичките софтвери Adobe Photoshop и Adobe Illustrator.

Браво за учениците…Браво за нивните ментори…Ви пожелуваме уште многу вакви врвни успеси!