Уште една реконструкција…

Паралелно со реконструкцијата на дел од ученичките санитарни јазли, во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола се вршат и други градежни зафати.

Имено, се адаптира просторија која ќе биде пренаменета во кабинет за наставници по англиски јазик. Просторијата целосно ќе се реновира со што колешките ќе имаат далеку попристојни услови за работа.

За кусо време следуваат фотографии од реновираниот кабинет :).

Нека е аирлија!