НОВИ РЕКОНСТРУКТИВНИ ЗАФАТИ ВО ТЕХНИЧКОТО УЧИЛИШТЕ

Овие денови во нашето училиште интензивно се работи на санација на дел од ученичките санитарни јазли. Од страна на Општина Битола за овој реконструктивен зафат се обезбедени над 560.000 денари.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, заедно со директорот на училиштето Владимир Роме, извршија увид во работните активности на терен. Нема двоумење дека санацијата беше повеќе од потребна, бидејќи тука не било инвестирано речиси 30 години. Во овој дел се работи на обновување на санитарните јазли, се поставуваат нови тоалети и се санира целосниот ентериер со нови керамички плочки и дополнителна опрема. На овој начин се решава уште еден од горливите проблеми во Техничкото училиште во Битола.

Воедно, на денешната 54 седница на Советот на Општина Битола, e одобрена донацијата од 133.000 евра доделени од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, кое во кофинансирање со Општина Битола во вредност од 1.660.500 денари (27.000 евра), ќе овозможи реконструкција на покривот и комплетната дограма во нашето училиште.