Конкурс за упис на ученици во учебната 2020/2021 година

К О Н К У Р С

за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија

 

СРЕДНО ОПШТИНСКО ТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЃИ НАУМОВ“

Во прва година ќе се запишат 365 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:

Машинска струка – 170 ученици, 5 паралелки

– техничар за компјутерско управување мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени

– машински техничар/ машинско – енергетски техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени

– машински техничар за моторни возила мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени

– обработувач на метал/ автомеханичар мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

– инсталатер на цевкини водоводи мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

Електротехничка струка – 195 ученици, 6 паралелки

– електротехничар за компјутерска техника и автоматика мак 102 уч. 3 пар. 4 г.тр. 55 минимум поени

– електротехничар за електроника и телекомуникации мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 50 минимум поени

– електротехничар – енергетичар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени

– техничар за индустриска мехатроника мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55 минимум поени

 

П Р Е Г Л Е Д на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците

Машинска струка: мајчин јазик, странски јазик,  математика, физика

Електротехничка струка: мајчин јазик, странски јазик, математика, физика

 

  1. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците во јавните средни училишта (во натамошниот текст: училишта) во учебната 2020/2021 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука, Законот за спортската академија, Законот за Математичко-информатичка гимназија и со овој Конкурс.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот. Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, наставата во јавните средни училишта се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница.

Условите за запишување на учениците се:

– да имаат завршено основно образование; – да не се постари од 17 години;

– да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:

а) гимназиско образование;

б) стручно образование и обука;

в) средно уметничко образование;

г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби;

– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

 

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);

– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

 

  1. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, две пријавувања во месец јуни и едно пријавувања во месец јули.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.

Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 22 јуни 2020 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 22 јуни 2020 година. Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 48 часа.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020 47 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 24 август 2020 година за што доставуваат доказна документација.

 

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);

− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

− средна вредност од поени добиени за поведение.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

 Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.

Утврдениот број минимум поени за првото пријавување, се составен дел на овој Конкурс.

Училиштата по првото пријавување, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.

Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување, односно третото пријавување да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма. Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши на 22 јуни 2020 година за второто пријавување, односно на 26 јуни 2020 година за третото пријавување.

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.