Соопштение за вонредните ученици

Се известуваат сите вонредни ученици кои имаат пријавено испити за мартовската испитна сесија дека полагањата ќе се одвиваат онлајн преку договор со предметните професори кои се членови на испитувачките комисии по предмети. Оние вонредни ученици кои заради настанатата ситуација не пријавија испити, истото да го сторат најдоцна до понеделник, 2 април. Уплатниците од пријавените испити да ги чуваат кај себе, а скенирани да им се пратат на електронската пошта на колешките кои ги водат вонредните ученици: Билјана Маринова, Наташа Младеновска – Лазаревска и Александра Стојковска.

Полагањата ќе бидат во почетокот на месец април и мартовската сесија ќе заврши на 10 април.  Преку нив, вонредните ученици да остварат контакт со предметните професори за добивање насоки околу наставен материјал за полагање на испитите.

Воедно, пријавувањето за априлската испитна сесија ќе биде од 13 до 17 април, а полагањата (повторно онлајн) ќе бидат во последната недела од месец април. 

Со почит,

тимот на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола