Крводарителска акција…
Денес во нашето училиште се реализираше пролетната крводарителска акција. Акцијата е во соработка со Општинската организација на Црвениот крст и Центарот за трансфузиона медицина – Битола.
Крводарителската акција беше повеќе од успешна. Драгоцената течност ја даруваа 22 ученици и 4 вработени, меѓу кои и директорот Владимир Роме.
Браво за сите нив, браво за хуманоста која ја покажаа на дело!