Меморандум за соработка со Делегацијата на германското стопанство

Вчера на 18.02.2020 година, нашето училиште го посетија претставници на Делегацијата на германското стопанство во Република Северна Македонија Патрик Мартенс – директор на Делегацијата, Дејан Чуповски – проектен менаџер за дуално стручно образование и Вера Јовчевска – проектен асистент за дуално стручно образование.

Целта на нивната посета беше официјализирање на соработката која ја имаме во делот на дуалното стручно образование. Во таа насока беше потпишан меморандум за соработка помеѓу директорот на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс и нашиот директор Владимир Роме.

На средбата присуствуваа и претставници од компанијата Кромберг и Шуберт со која од оваа учебна година партнерски го имплементираме образовниот профил техничар за индустриска мехатроника. 

Нашето училиште доби официјална идентификациона табла со која се потврдува дека сме партнерско училиште во кое се реализира дуално стручно образование. Покрај тоа, од делегацијата добивме и пет комплети на прирачен алат за образовните профили од машинска струка во вредност од 1125 евра.

На состанокот присуствуваше и Владимир Костурски, претставник од локалната самоуправа кој беше запознат со сите активности во рамки на дуалното стручно образование. Сите инволвирани страни го изразија своето задоволство од досегашната соработка и најавија заедничка кампања при уписот за следната учебна година. Воедно, побарано е општина Битола да биде промотер на ваквиот тип на образование како еден од начините за надминување на проблемот со млад стручен кадар во нашиот регион.