На повидок нова хумана апликација…

Денес, гостин во нашето училиште беше Владимир Тасевски, креатор на апликацијата Мои донации.

Целта на неговата посета беше реализација на една наша хумана идеја. Како училиште сакаме да помогнеме на сите наши ученици на кои им е потребна таа помош. Со Владимир се договоривме да изработи апликација преку која сите вработени во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, соученици, родители, луѓе со добра мисла и волја да помогнат, да донираат одредена сума на парични средства…Кој колку може, кој колку сака…Од тие донации училиштето ќе доделува помош во повеќе случаи: за ученици од социјално загрозени семејства, за екскурзии, за матурските прослави, за лекување и слично…Едноставно да се помогне на нашите ученици!

Како што е познато, Владимир е хуман млад човек кој излезе од овие клупи. Со задоволство ја прифати идејата и веднаш ќе започне со работа…Ова нека биде поттик и за другите училишта да направат нешто слично. Помошта е потребна на многу места околу нас…

Да помогнеме!