Дипломи за најдобрите од натпреварот „Лидер на струка 2019“…

Во средата на 05.02.2020 година во кабинетот на министерот за образование и наука беше организиран прием за најдобрите натпреварувачи од овогодинешниот натпревар „Лидер на струка 2019“.

На приемот учествуваа и нашите најдобри: ученикот Ангел Насев од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – лидер на електротехничка струка и неговите ментори Пеце Петров и Јани Сервини. Да потсетиме, натпреварот „Лидер на струка 2019“ се одржа во Кочани во почетокот на декември и таму Ангел го освои првото место од сите натпреварувачи од електротехничка струка во државата.

На свеченоста, министерот Арбер Адеми и заменик министерот Елизабета Наумовска ги доделија дипломите на победниците со што и официјално тие се прогласени за лидери меѓу врсниците во својата струка. Покрај дипломите, секој лидер на струка и неговите ментори ќе добијат и парични награди од по 10000 денари…Заслужено!

Браво за Ангел, браво за менторите…

Нивниот успех нека биде мотив за уште поголем натпреварувачки дух од кој ќе произлезат квалитетни образовани луѓе. Тоа е мисијата на нашето училиште, тоа е нашата заедничка цел!